На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, Бислимоски информираше за активностите што се преземаат и предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности.
– Неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати од глобалната енергетска криза, санирање на енергетскиот сектор и потребите на пазарот, како и соработка меѓу државните институции и компаниите од енрегетскиот сектор, рече претседателот Пендаровски на средбата со Бислимовски.
Одлуката за прогласување кризна состојба, според Претседателот е нужна, со цел поефикасно спроведување на мерките и справување со предизвиците од енергетската криза.