Соговорниците на средбата оценија дека двете држави имаат пријателски билатерални односи, без отворени прашања. Изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, претседателот Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за можноста за воспоставување на директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, како и за можноста за отворање на Катедра за изучување на босанскиот јазик во Македонија.
Истовремено, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена со Босна и Херцеговина, која, како што беше посочено на средбата, заостанува зад добрите политички односи.
На средбата соговорниците разменија мислења во однос на европските аспирации на двете држави. Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ. Исто така, претседателот Пендаровски изрази и подготвеност за споделување на искуства во однос на НАТО интегративниот процес. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби во регионот.