Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари официјална средба со заменикот шеф на Мисија во Амбасадата на Унгарија, Атила Фодор, и вишата советничка за ЕУ прашања, Кристина Тихањи. Средбата беше насочена кон унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете страни.

На средбата се разговараше за билатералните односи, европската интеграција на Македонија, реформската агенда и можностите за интензивирање на соработката во процесот на приближување кон Европската Унија. Двете страни ги разгледаа клучните приоритети во исполнувањето на реформите.

Трајков ја истакна важноста на искуствата на земјите членки во процесот на пристапување и нивната практична примена во реформските активности, со цел унапредување на институционалните капацитети и исполнување на европските стандарди. Исто така, беше потенцирана потребата од отворен дијалог и континуирана соработка со унгарските партнери во интерес на европската перспектива на земјата.