Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на Самитот на НАТО во Турција. Средбата ќе се одржи во Анкара, каде што Алијансата ќе заседава на 7 и 8 јули.
Неименуван извор од Белата куќа изјави дека Трамп и Зеленски ќе разговараат за завршување на војната со Русија.
Предвидено е Трамп да пристигне во Анкара на 7 јули. Неговата прва средба ќе биде со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Изворот од Белата куќа посочи и дека Трамп ќе ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.
Самитот на НАТО се одржува во главниот град на Турција, Анкара, на 7 и 8 јули.
