На некои средношколци во Шангај ќе им биде дозволено да продолжат со школување и ќе можат да се вратат во училишните интернати од 6 јуни, изјави денеска заменик директорот на шангајската Комисија за образование, Јанг Џенфенг.
Матурантите ќе можат да продолжат со часови во училница од 13 јуни, додаде тој.
Како што тој појасни, продолжувањето на наставата не е задолжително. Ученици од други одделенија ќе продолжат да следат онлајн настава од дома, до крајот на полугодието.
Шангај од март е во „локдаун“, поради појава на жариште на коровнаирусот во најголемиот кинески град. Оттогаш, многу установи се затворија, како и училиштата.