Првиот примерок од овој автомобил со официјално име „Фиат 600“ е произведен на 18-ти октомври 1955 година, по лиценца на истоимената италијанска автомобилска компанија.
Купувањето на лиценцата од италијански „Fiat“ бил првиот комерцијален договор на една западна компанија и социјалистичка земја по Втората светска војна.
Во светот по истата лиценца вкупно се произведени речиси пет милиони примероци на овој автомобил кој тогаш имал 23 коњски сили. Најмногу излегле од матичната фабрика во Торино – 2,4 милиони примероци, па од крагуевачка „Застава“ – 923.000, во Шпанија 814.000, Аргантина – 304.000, Германија 172.000 и Чиле 12.000.
„Фиќо“ своевремено беше третиот најпродаван автомобил во Еврола зад германската „буба“ и француски „ситроен 2цв“. Оригиналната верзија престана да се произведува во 1985 година.