Белградската агенција Травелино која ја организирала екскурзијата во Будимпешта не била членка на српската Асоцијација на туристички агенции ЈУТА, објави порталот на телевизија Н1, пренесе 360 степени.

Тие го најмиле автобусот од фирмата „Студио 5 лоџистик“ од Сомбор. Директорот на Националната алијанса на туристички агенции на Србија-ЈУТА Александар Сениќ за Н1 изјавил дека Травелино не е членка на на нивната асоцијација.

„Постојат многу превозници кои сообраќаат во т.н. сива зона“, рекол Сениќ за Н1.

Во автобусот кој се преврте на автопатот 53 во близина на гратчето Кишкунхалаш во Унгарија патувале 55 туристи од Белград и од Нови Сад. Повредени се 15 патници, а две жени и совозачот се задржани на болничко лекување.

Најголем дел од патниците решиле да почекаат нов автобус и го продолжиле своето првомајско патување во Будимпешта, а 17 туристи се вратиле во Белград.