Тој синоќа изјави дека сака сите на Западниот Балкан да зборуваат со еден глас и заедно да влезат во Европската Унија. Но, додава дека тоа во овој момент не е реално.
– Нема да нè примат во ЕУ бидејќи тие немаат капацитет да примат кого било, кажа Вучиќ во интервју за Фејс ТВ.
Тој порача дека Србија ништо не ѝ должи на Босна и Херцеговина, а ако ѝ должи, да ѝ ја испрати сметката.
– Испратете ја таа сметка за да ја платиме утре, да не измислуваме, кажа Вучиќ, но укажа дека ЕУ нема да ги прими сега ни Србија ни БиХ.
На прашањето што би направил да е премиер на БиХ, кажа дека би зборувал и размислувал за економијата, сериозно би работел на инфраструктурата. Оцени дека БиХ има сериозен економски потенцијал и сериозни шанси, но дека е потребно многу труд и работа.