Минатата година, за време на една од неговите посети на градот, човекот со долга коса и брада открил дека беснее пандемија.

Откако станаа достапни вакцините против Ковид-19, тој одлучил да се вакцинира и ги повика сите да го сторат истото.

-Вирусот не бира. Ќе дојде и овде, во мојата пештера, изјавил 70-годишниот старец за АФП во својата пештера на планината Стара Планина во јужна Србија, пишува Франс 24, а пренесува Н1.

Откако вакцините станаа достапни, тој го засукал ракавот и  примил доза.

Петровиќ вели дека „не ја разбира бучавата“ што ја создаваат некои скептици за вакцините и нагласил дека верува во процес што има за цел искоренување на болестите.

-Сакам да ги добијам сите дози, вклучително и дополнителната. Го повикувам секој граѓанин да се вакцинира, изјавил тој.

Пештерата во која живее Петровиќ е достапна само со стрмно искачување.

Петровиќ доаѓа од блискиот град Пирот, каде што работел како работник на црно, како и извесно време во странство. Се оженил во неколку наврати, а неговиот живот го нарече „бурен“.

Тој отсекогаш бил љубител на природата и постепено открил дека изолацијата од општеството му носи слобода каква што дотогаш не осетил.

-Не бев слободен во градот. Секогаш има некој што ви стои на патот – или се расправате со сопругата, соседите или полицијата. Тука никој не ми пречи , рекол Петровиќ.

Петровиќ ги донирал сите пари што ги заработил во странство за финансирање на изградба на три мали мостови во градот.

-Парите се проклети, ги расипуваат луѓето. Мислам дека ништо не може да го расипе човекот како парите, рекол Петровиќ за АФП.