ССМ на протест за 1 Мај, КСС со конференција за развивање на социјалниот дијалог за работнички права. Пред Денот на трудот, синдикатите излегуваат на улица, но сепак не се обединети. Сојузот на синдикати најави марш на кој ќе бара повисоки плати и почитување на колективните договори.
Барање за минималец од 500 евра
Со барање за минималец од 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра, ССМ во 11 часот излегува на улица. Од ССМ велат дека остануваат да ги бранат работничките права. Првиот човек на КСС рече дека нема да излезат на протест за 1. мај оти тоа било обична парада.
Економистите пак, сметаат дека легитимно право е дали ќе се протестира на улица, или битката ќе се води на друг начин. Први мај е празник кој се одбележува ширум светот како симбол на борбата за работнички права.
Слаба посетеност на протестот на ССМ: Барање за минимална плата од 500 евра
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на втори април одржа протест со барање минималната плата да се зголеми од 400 на 500 евра.
(ФОТО) Слаба посетеност на протестот организиран од ССМ
Иако протестот беше најавен како значаен чекор во синдикалната борба, присуствуваа само околу 100 луѓе.
Извор: МРТ