Стано кажа дека Борел вчера телефонски разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти белградски Данас.
Тој индиректно потврди дека „како дел од општите дипломатски активности на ЕУ“, американскиот пратеник за Косово Габриел Ескобар ќе биде вклучен во напорите во Брисел да се најде решение за кризата во северно Косово, „што е корисен ангажман на САД во такви ситуации “
Претставникот за медиуми на Борел додаде дека засега не може да даде детали за овие закажани состаноци и активности во Брисел, со цел на отстранување на тензиите на северот на Косово.
Службениците во Европската комисија, иако беа прашани од новинарите, избегнаа да го коментираат доаѓањето на албанскиот премиер Еди Рама на Косово и неговите изјави во Приштина, истакнувајќи дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, утре ќе ја посети Тирана и ќе соопшти за она за што разговарала со претставниците на албанските власти.