Граѓаните на земји кои не се членки на Европската Унија значително поскапо ќе ги плаќаат становите во Грција – владата најави петкратно зголенување на данокот на пренос при купување станбен недвижен имот, од сегашните три проценти на 15 проценти, пренесе „Прототема“.

Ова ќе ги засегне и македонските државјани, кои изминативе години покажаа голем интерес за станови, куќи и апартмани кај јужниот сосед.

Според предлогот на владата, новиот режим треба да почне да се применува од 1 јули догодина, а ќе се однесува на физички лица од земји кои не се во ЕУ, и ќе се однесува исклучиво на становите, а не на друг недвижен имот како деловен простор, или на купувањето земјиште. Сепак, од зголемената давачка ќе бидат изземени фирмите, како и луѓето кои се долгогодишни резиденти во Грција и оние кои имаат „златна виза“ ќе бидат изземени од зголемениот данок, пишуваат медиумите.

Владата соопшти дека предлог-законот поминува низ дополнителни анализи и дека е извесно оти ќе има некои измени од првичното решение.