На 24.09.2023 во 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Н.С.(73) од Скопје.

Според полицијата, старицата е приведена затоа што во домот со тврд предмет го нападнала нејзиниот 74 – годишен сопруг.

Таа е спроведена до здравствена установа за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.