Таа секој ден се’ повеќе надворешно и внатрешно се руинира и остава грда слика на околината и буди жална слика на велешани за едно не така дамнешно, убаво минато.

Старата зграда која секој ден се повеќе пропаѓа и се уништува, освен што е оставана на временските влијанија се почесто е мета на поедини вандализми однадвор, а во последниве месеци се уништува и внатре.

Деновиве кога од МИА ја посетивме, врататa од која се влегува од фоајето во салата беше отворена, а не обиена. Никој немаше внатре, а сликата беше стравична и како од хорор филм, насекаде расфрлани архивски материјали од репертоарот на театарот меѓу кои и од далечната театарска 1959/60 година, флаери и реквизити и се она што со не било однесено од театарските работници при селидбата во новиот театар.