Зошто се украсува новогодишна елка?
Постојат неколку различни извори кои ни даваат одговор на ова прашање. Во етнолошките списи се вели дека ова е антички римски пагански обичај. Римјаните верувале дека духовите на шумите живеат во елата, па на новогодишната ноќ оделе да им даваат подароци за да ги смират. Подоцна, тие сечеле млади елки и ги носеле во домовите, па така елката станува симбол на прославата на годината што следува. Зимзелените дрвја треба да служат како потсетник дека ќе помине зимата и повторно ќе дојде пролетта.
Една од легендите вели дека пред пештерата, каде што се родил Исус Христос, израснале три зимзелени дрвја. Едното било кедрово дрво, другото бор, а третото ела. Кога се родил Месијата, сите дрвја се треселе за да го поздрават Синот Божји. Кедар на новороденчето му дал миризливи игли, а борот шишарки. Единствено елата немала плодови, па заплакала. Ангелот се сожалил и ѝ дал ѕвезда од небото, која таа ја спуштила пред Исус. Оттука и верувањето дека на врвот на украсената новогодишна елка треба да има ѕвезда.
Кога луѓето почнале да украсуваат елки?
Првиот доказ за украсување на елка датира од единаесеттиот век. Во Германија елката се украсувала со црвени јаболка за Божиќ. Во Западна Германија, ја украсувале со колачиња од разни форми и свеќи, кои се симбол на Христос и вечна светлина.
Овој ритуал полека започнува да се шири низ цела Европа низ вековите. Првата новогодишна елка беше украсена во Англија од принцот Алберт во 1841 година. Со подароци, панделки, хартиени цвеќиња и бонбони ја имаат украсено елката тогаш. Многу брзо, овој прекрасен обичај се воспостави и премина од високата класа на обичните луѓе.
Ставање зелени гранчиња
На почетокот, јаболки се ставаа на зелени гранчиња, потоа колачиња, ореви, сливи и урми, панделки. Легендата вели дека германски стаклар бил многу тажен затоа што немал пари да купи украси за новогодишна елка за неговите малечки. Затоа решил да направи стаклени топчиња. Неговите украси предизвикале вистински ентузијазам кај луѓето, а тој со текот на времето се збогатил.
Во Америка, првите новогодишни елки беа украсени во XVII век, благодарение на Германците кои ја населувале областа. Украсената новогодишна елка мисионерите ја донеле во Азија во деветнаесеттиот и дваесеттиот век. Многу брзо, скоро сите култури со радост ја вклучија елката во своите обичаи.