Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук го честита денешниот празник на сите верници во земјава.
-🙏🏻Бог се јави, народе мој‼️
🙏🏻За многу години Богојавление – Водици‼️
Моја хумана Гази Баба од ♥️ Ви благодарам‼️
✌️Повеќе од 2000 луѓе на плоштадот во Автокоманда присуствуваа на културната манифестација “Пивтијада 2023”
👇Денешниот ден ме прави посебно среќен, бидејќи имав можност да сретнам многу луѓе кои се мојата силна поддршка во создавањето на една нова успешна приказна за нашата Гази Баба.
🍀Хуманата мисија ја исполнивме, сите подготвени пивтии беа продадени, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели.
🤝Им благодарам на Здружението на пензионери на Гази Баба и Здружението на жени за партнерскиот однос во организацијата на овој преубав настан.
👉Им благодарам на естрадните уметници Влатко Миладиновски, Бојана Слендеровски и Миле Кузмановски, како и групата Аманет за учеството во културниот дел од манифестацијата.
📍Нашите граѓани Надежда Кирковска, Елена Велковска и семејството Стојменовиќ ги наградивме за нивното креативно учество во украсувањето на пивтиите.
🇲🇰Оваа традицијата ќе ја продолжиме и во следните години, стои во неговиот пост на Фејсбук.