Денес, во јавноста излезе мојата кандидатура за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам јавно да се заблагодарам на граѓаните на Општина Гази Баба и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба за поддршката која ми ја даваат целиот изминат период .
Јавна благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет за дадената доверба, тоа за мене претставува чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност.
Во минатото, бев дел од Советот на Општина Гази Баба, секојдневно сум помеѓу граѓаните и добро ги имам детектирано заедничките проблеми.
Имам план, визија и програма за заедно со граѓаните да ја направиме Општина Гази Баба подобро место за живеење.
Како и до сега, а од денес и во ново поглавје ќе продолжиме сите заедно за поубава Гази Баба. Заедно ќе ги креираме и реализираме сите проекти за најуспешна општина.
Ги повикувам граѓаните на Општина Гази Баба без разлика на етничка, верска, политичка или било каква припадност, да ни се приклучат и да бидат дел од тимот на победничка Општина Гази Баба!, пишува Стефковски во својата објава.