Денес 26.07.2022 година на територија на општина Гази Баба започна акцијата за советување на граѓаните за заштита од топлотен удар.
За таа цел градоначалникот Бобан Стефковски и волонтери од општинската организација на Црвениот крст Гази Баба поделија негазирана флаширана вода на граѓаните во Ченто.
За почетокот на акцијата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
– Денес заедно со волонтери од општинската организација на Црвениот крст Гази Баба ја започнавме акцијата за советување на граѓаните за заштита од топлотен удар. Имајќи ги предвид високите температури поделивме шишенца вода на граѓаните со совети за нивна заштита. Денешната акција ја реализиравме во населба Ченто. Општина Гази Баба обезбеди донација на флаширана негазирана вода која во следните денови ќе биде поделена преку волонтерите на Црвениот крст до граѓаните на општина Гази Баба. Апелирам до граѓаните доколку се во можност своите обврски да ги реализираат во претпадневните часови со цел да не се изложуваат на топлотниот бран, напиша Стефковски.