Стевановиќ во интервју за Сител телевизија вели бројката на хоспитализирани е се уште висока, иако вели дека се ослободуваат полесно и побрзо кревети не може да се каже дека има голем број на празни места.
– Инфективната клиника ќе биде последна институција која ќе се испразни, бројот на повеќе слободни места се следи по другите ковид центри, но она што може да се каже е дека секако притисок е понизок, од она што беше во изминатите неколку недели, истакна Стевановиќ
Во однос на прашањето за третиот бран и за клиничката слика на пациентите во овој трет бран, Стевановиќ истакна секојдневие на зддравствените работници е да работат со пациенти со тешка клиничка слика, а дека со третиот бран пациентите со тешка клиничка слика се лекуваат низ сите центри.
– Точно е дека со третиот бран имавме и измени на клиничката слика кај повеќе пациенти, забележано беше побрзо влошување кај одреден број на пациенти, дали на почетокот или спонтано со рапидно влошување на сликата, дури во период кога ние очекувавме крај на болест, гледавме влошување, вели Стевановиќ