Иако пушењето е неспорно порок, повеќето пушачи не мислат така и не мислат дека е тоа навика од која треба да се срамат. Тие се свесни дека овој избор е поризичен од многу други што ги направиле во животот, но не сакаат, не можат или нема да престанат. Затоа, најчесто се игнорира едноставната команда „стоп“, од каде ѝ да доаѓа.

broken cigarette with the word stop. stop smoking concept closeup

Клајв Бејтс, активист за намалување на штетите од пушењето, смета дека графичките предупредувања на цигарите не се ништо повеќе од форма на стигматизација. Во врска со идејата за ставање предупредувања на поединечни цигари, тој напиша дека тоа е „во основа стигматизирачка мерка дизајнирана да ги натера пушачите да се чувствуваат глупави“. И тоа не вроди со плод на начин на кој се очекуваше.

Покрај „престани“, стратегијата за борба против пушењето треба да го содржи и принципот „промени“. А тоа значи да се замени навиката за пушење со помалку штетн и наместо цигари, на пушачите да им се даде пристап до точни, научно докажани информации за подобри и побезбедни алтернативи.

Постои критична разлика помеѓу споделувањето точни информации и ресурси за поттикнување на луѓето да се однесуваат побезбедно во споредба со обидот да се срамат или исплашат за да го променат своето однесување.

Намалувањето на штетноста се однесува на спасување животи, но подеднакво и на посредување – охрабрување на луѓето да ги направат своите најдобри избори.
Во овој поглед, многу е важно луѓето да знаат дека главниот проблем кај пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што многумина мислат. Вистина е дека никотинот предизвикува зависност и не е без ризици, но докажано е дека оваа супстанца не е главниот виновник за болестите поврзани со пушењето. Тоа е чадот што се создава при палење цигара затоа што содржи повеќе од шест илјади супстанции, од кои околу 100 се означени како штетни или потенцијално штетни од јавните здравствени установи. Поради ова, алтернативите без чад базирани на наука се подобар избор за возрасните пушачи отколку да продолжат да пушат цигари, но тие секако не се без ризик бидејќи ослободуваат никотин кој предизвикува зависност.

Сите знаеме дека долгорочното пушење носи сериозни ризици, но возрасните кои пушат не треба да ги штитиме од сопственото незнаење, бидејќи тие не се неуки. Она каде што многу авторитети беа страшно дезинформирани е релативната безбедност на другите методи на конзсмирање никотин, кои многу луѓе кои ги пробуваат ги претпочитаат во однос на пушењето. Многумина сакаат да бидат слободни да направат избор. Затоа, наместо стигма, нѝ треба отворена и неограничена дискусија.