Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање кое се однесуваше на објавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој присуствуваше на 35 Охридски пливачки маратон одговори дека срамно е Пендаровски да се појавува на маратонот затоа што тој се криеше и се откажа од покровителство на маратонот.
Стоилковски исто така потсети дека денеска 35 Охридски пливачки маратон се одржува благодарение на општината и градоначалникот, Кирил Пецаков.
-Ова е дно, ова е срамно. Стево Пендаровски се криеше и се откажа од покровителство на маратонот, Стево Пендаровски соопшти дека маратонот нема да се одржи. 35 Охридски пливачки маратон се одржува денеска благодарение само и само на градоначалникот Кирил Пецаков и на општина Охрид. Еден маратон Стево Пендаровски не е во состојба и не е способен да организира или да поддржи, а не пак да води држава. Срамно е и недостоинствено Стево Пендаровски денеска да се претставува како покровител на 35 Охридски пливачки маратон, истакна портпаролот Стоилковски.