Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека влегувањето на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ е само обид за ухлебување на дел од партиското членство, исполнување на личните интереси на Арбен Таравари, како и можност за создавање на кворум во собранието, бидејќи владиното мнозинство не може да обезбеди кворум за одржување на собраниските седници.

Не станува збор за некаков сојуз за Европската унија или некаков квалитет и квантитет, станува збор за пополнување на собраниските дупки бидејќи гледаме дека не може ниту една седница да им започне нормално во парламентот. Незадоволството кај дел од пратениците кај владејачкото мнозинство е се поизразено. Станува збор за она кое што се обидуваат да го сокријат, онаа губење на гласовите и поддршката внатре помеѓу коалициските партнери на власта и помеѓу своите редови. Но , и секако да можат да му одоброволат нели и на Таравари извесни свои лични ставови и политики а тоа е да може да ухлеби дел од своето членство. И ја смени плочата, ДУИ беше носител на криминалот, а сега седнува со него да ја дели власта, вели Стоилковски.

Стоилковски прашува што ќе се смени во владата со влегување на Травари, а што не е променето изминатите 6 години, укажувајќи дека СДСМ дојде на власт лажејќи ги граѓаните за носење на право и правда во државата, а за жал како што рече тој се остана како флоскула.

Каков квалитет се очекува да донесе влезот на Таравари во владата ако се знае дека остануваат уште десетина месеци за она регуларно почнување на организирање на преодна влада за избори. Што е тоа што ќе се смени во правда, а кое не е сменето 6 години наназад? Дали ќе се добие некаков квалитет, дали ќе се обезбеди ветингот. Никој од нив не го коментира она кое што се случи само неколку месеци наназад, случувањата во Судскиот совет, случувањата за избор на судии, случувањата во собранието за избор на уставниот суд? Излегува судијка од СДСМ која кажува дека е срамота Јовевски да биде уставен судија. Гледајте во каква состојби ја втрунаа државата и народот кој се повеќе се иселува во овие шест години, бидејќи СДСМ ја добија довербата лажејќи ги за носење на право и правда во Македонија, а се уште слушаме флоскули, потенцираше тој.

Стоилковси смета дека Таравари исто како и политичката партија ЛДП која е во коалиција со СДСМ и ДУИ, се борат само за фотелји и за полнење на јавната администрација без да дадат некоја суштинска реформа за подобрување на животот на граѓаните.

За жал и партијата ЛДП е партија која со години функционира, но никој не ја споменува затоа што нема своја политика и квалитет која што дала свој импут во она што значи владини содржини. Непрепознатливи се, претопени се во власта и тоа е само борба за фотелји. И она кое што се случува со Таравари и со неговото претопување сега во власта со Али Ахмети, е што тој мора да испорача, долги години се во опозиција, нема капацитет во општина да ги вработи своите членови и тој сега ќе бара едно 10.000 или 20.000 вработување во јавната администрација, изјави Стоилковски.