Очекувано, наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата. Да потсетам накусо, Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ,

Но, ЈО како одговор до „Слободна Европа“, меѓународен американски медиум којшто работи и пишува серијал на овој случај, вели, цитирам: Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет!?

Ова потврдува дека ЈО молчи и бега од темата и е во функција да не падне владата!

Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека?

Но, дали зад чекањето и префрлувањето топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ, или изборот на Јовески за уставен судија?

Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2.6 милиони евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас?

Ужасни се низите криминалии и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смеат да писнат!

Злоупотребата на службата се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата, и за тоа ќе има одговорност по смена на власта, додава Стоилковски.