Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски преку статус на Фејсбук информира дека денес имал работен состанок со претставник на фирмата Анизор, избрана и задолжена за зимско одржување на улиците во општината.
-Во текот на денешниот ден одржавме работен состанок со претставник на фирмата Анизор, избрана и задолжена за зимско одржување на улиците во општината и задолжените лица од комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров .
Спремни сме за зимските предизвици ❄️, стои во неговиот пост на Фејсбук.