Денеска сме на локација на улицата Радушка, каде што општината Ѓорче Петров изведува еден капитален проект. Тоа е атмосферска канализација во должина од 1.115 метри на оваа улица. Тоа е еден проект кој што ќе ги реши децениските проблеми кои што се натрупани во овој дел од општината, од аспект на собирање на сите атмосферски води, бидејќи во минатото имавме повеќе ситуации кога околните куќи и околните објекти знаеле да се поплават по поголем дотур на врнежи, изјави  градоначалникот Александар Стојкоски

На овој начин, ние го решаваме тој проблем и не само што го решаваме проблемот на оваа улица која е една од најстарите улици во општината Ѓорче Петров, улицата Радушка, туку во иднина оставаме простор да сите шест приклучни улици, кои што се приклучуваат практично на оваа улица, да имаме простор да изведеме и таму атмосферска канализација. Со што пак ќе го ослободиме капацитетот фекалната канализација, бидејќи најголем дел, односно сите атмосферски води во моментот, се слеваат во фекалната канализација, што дополнително преставува проблем за жителите на овој дел. Проектот е финансиран преку програма на Светската банка, два програмата, но овој проект е одобрен од страна на Советот на Општина Ѓорче Петров со одлука на советот на 21 декември минатата година и со вредност од прилика од 17 милиони денари, со што претставува еден прв значаен капитален проект кој што го отпочнуваме во тековниот мандат од нашето доаѓање на власт, изјави Стојкоски.