Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека драстичното зголемување на бројот на борбено подготвени трупи на Алијансата има за цел да обезбеди Путин да не ја процени погрешно нивната подготвеност за дејствување.
-Ние живееме не само во поопасен свет, туку и во понепредвидлив свет. Живееме во свет во кој се одвива војна во Европа со воени операции од значителни размери, рече Столтенберг.
-Истовремено, знаеме дека ситуацијата може да се влоши, ако ова се претвори во тотална војна меѓу Русија и НАТО. Во тој случај, ќе видиме смрт и уништување на ниво што е многу, многу полошо од она што го гледаме во Украина, заклучил Столтенберг.