Стопанската комора на Македонија оваа година одбележува 102 години од своето постоење. По тој повод на 25 јули (четврток) со почеток во 12 часот во просториите на Комората, сала 4 на 5-ти кат, ќе се одржи настан на кој ќе бидат доделени награди во три категории:
-Награда за долгогодишна коморска активност;
-Награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда;
-Награда за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија;
Наградите ќе ги додели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Пред присутните наградени компании и членови на органите и телата на Комората, свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.