Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) информираше дека владее паника истрав меѓу авганистански новинари откако талибанците ја презедоа власта во земјата. Од авганиатанските новинари повеќето се жени, а ИФЈ истакнува дека добиле стотици барања за помош од медиумските работници на терен.
„Увидот на ИФЈ во ситуацијата на терен и бројните барања за итна помош покажуваат дека има паника и страв во авганистанската медиумска заедница“, предупреди меѓународната организација, која отвори специјална сметка за да им помогне на засегнатите.
На терен, новинарките беа спречени да работат, некои весници мораа да се затворат. Оние што се обидуваат да ја завршат својата работа го прават тоа под закана и се многу ограничени во известувањето.
И покрај пропагандата дека талибанците нема да се одмаздуваат, извештаите зборуваат дека новинарите и многумина од нив се изложени на закани, додаваат од ИФЈ.
Премиерот Зоран Заев вчера на координативен состанок во Владата информирал дека прифатени се барањата на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за помош на авганистански новинари, односно дека С Македонија ќе прифати 15 новинари, медиумски работници и членови на нивните семејства, со што вкупната бројка на медиумски работници и членови на нивни семејства кои ќе бидат згрижени во нашата земја ќе достигне над 80.