Стотици илјадници евакуирани, прекината настава, уништена жетва, оштетени патишта и сообраќај во застој се последиците од големите поплави и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во неколку кинески провинции.

Во јужната провинција е прекината наставата, канцелариската работа и јавниот превоз поради порастот на нивото на водата и опасноста од лизгање на земјиште.

Во соседната провинција Џиангкси, речиси 500.000 луѓе беа принудени да се евакуираат бидејќи нивните домови биле оштетени, јави Би-би-си.

Градот Шаогуан, на околу 200 километри северно од Кингјуан, главниот град на провинцијата Гуангдонг, денеска издаде црвена тревога за поплави, што е највисоко ниво на предупредување од кинеската метеоролошка служба поради излевање на реките и достигнато највисоко ниво во последните 50 години.

Обилните дождови уништија патишта во некои делови од градовите и уништија куќи, автомобили и посеви, а во наредните денови се предвидуваат нови врнежи во областа каде има најмногу врнежи од 1961 година, велат метеоролошките власти.