Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари официјална работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата беше потврдена силната посветеност на стратешкото партнерство и континуираното унапредување на билатералната соработка.

Посебен акцент во текот на разговорот беше ставен врз економската и трговската соработка, како и врз инфраструктурните проекти и нивната практична реализација. Притоа, од двете страни беше потврдена потребата од ефикасна реализација на стратешките проекти од висок национален и регионален интерес.

Николоски додаде дека изградбата на клучните автопатишта на коридорите 8 и 10-д се реализира со одлична динамика и целосно согласно предвидените законски и оперативни рокови на терен.

На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката во рамките на НАТО Алијансата, како и за значајните прашања поврзани со зачувувањето на долгорочната безбедност и стабилноста на целиот регион.

Соговорниците детално ја разгледаа севкупната билатерална соработка меѓу двете земји и постојаната американска поддршка во делот на реформските процеси. Притоа беше потенцирана суштинската важност на континуитетот во партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на владините приоритети и јакнењето на економските врски и трговската размена.