Проектот на Мерко наиде на остри критики во јавноста од повеќе причини.
Стружани се загрижени за капачите, кои во топлите денови се разладуваат во Црн Дрим, но од локалната самоуправа се оправдаа дека проектот е безбеден, со ниско напонска електрична енергија и не може да претставува опасност.
Еколозите, пак предупредуваат за негативно влијание врз екосистемот.
– Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнително го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чуство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење. напиша екологотот и професор по биологија, Кирил Пржо на Фејсбук.