Стружанецот Н.К.(33) е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац по сомнение дека синоќа со камион го прегази пешакот Г.П.(57) од Грделица, кој почина на самото место.
Несреќата, како што пишуваат дел од српските медиуми, се случи ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.
Како што се сомнева, Н.К. управувал камион „Volvo“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.
Според информациите, осомничениот не се застанал, туку побегнал од местото на несреќата.
По реакција на полицијата, тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.
