Студентскиот протест во Белград, кој започна мирно, беше прекинат по инцидент што се случи пред Собранието. Протестот, беше прекинат кога студентите, соопштија дека инцидентот на Пионирски парк укажува дека протестот повеќе не е студентски.

Инцидентот започнал кога почнале да се фрлаат  шишиња од правец на Пионирски парк каде кампуваат приврзаници на претседателот Александар Вучиќ. Студентите на социјалните мрежи соопштија дека протестот завршува и апелираа за безбедно повлекување на граѓаните.

(ВИДЕО) Над 100.000 луѓе на масовниот протест во Белград: Студентите бараат мудрост наместо хаос

И покрај инцидентот, дел од протестантите се вратија на плоштадот Славија и пред Собранието. Полицијата соопшти дека ситуацијата е разрешена и протестот може да продолжи. По овие случувања, протестот заврши, а студентите продолжија со чистење на ѓубрето, како што тоа го прават на секој од нивните протести изминатите четири месеци.

Во меѓувреме, полициските сили со борбени возила и со целосна опрема беа поставени во близина на Собранието, а Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека имало инциденти и тепачки меѓу некои учесници и полицијата, кои се обидувале да спречат извршување на работните задачи на полицајците.

Овој протест, кој привлече стотици илјади луѓе од цела Србија, е еден од најголемите собири во последните децении. Студентите и работниците го изразија својот револт и ги прочитаа своите барања, додека на 15 минути молк беа посветени на жртвите при трагедијата во Нови Сад.

Српското Министерство за внатрешни работи продолжи со предупредувања дека полицијата ќе интервенира ако нападите и провокациите врз нејзините припадници продолжат.