Политички судир околу одлуката на судијката Даниела Алексовска Стојановска
Од судска одлука до политички преписки. Судијката Даниела Алексовска Стојановска, која на 31 Јули 2024 пресудила воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укинала притворската мерка и Васил Јованов Васо се нашол на слобода. Обвинението од ОЈО било поднесено на 2 април. МВР поднело кривична пријава само три дена претходно, откако во рација во неговиот дом пронашле над 80 паковки со амфетамин.
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова е судијката која Васил го ослободила од притвор – по што тој ја усмрти Фросина
Сторителот во моментот на сторувањето на делото бил полнолетен, но затоа што станува збор за помлад полнолетник него му било пресудено да оди во поправен дом. Според адвокатската фела, многу е ретко ваква пресуда да се даде на некој што бил уапсен со волкава количина на дрога.
Сепак, правниците тврдат дека судијката Даниела Алексовска Стојановска е судија со интегритет. Оттаму велат дека е позната по тоа што сака на младите да им дава шанса и не веруваат дека станува збор за трговија со влијание или некаква корупција.
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага и разрешување на судијката
ВМРО-ДПМНЕ побара Обвинителството да отвори истрага, а Судскиот совет да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила возачот што ја усмрти младата Фросина Кулакова.
Партијата смета дека возачот требало да биде во затвор наместо во возило, доколку судијката постапела согласно законот. Тие тврдат дека осомничениот претходно бил фатен за трговија со наркотици и не смеел да биде испратен во поправен дом.
– Судскиот совет да не чека, туку веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска – изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ обвинува за политичка манипулација
Од опозициската СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ „гази по трагедијата за политички поени“. Тие тврдат дека судијката не е нивен кадар и дека била избрана од претходната власт.
– Наместо да покажат минимум човечност и да застанат на страната на правдата, тие повторно лажат и манипулираат – се наведува во соопштението на СДСМ.
Полемиката меѓу двете партии дополнително ја продлабочи јавната дебата за независноста на судството. Одлуката на судијката Алексовска Стојановска отвори прашања за политичкото влијание во правосудниот систем.
По убиството се отворија многу прашања. Повеќе прочитајте во продолжение.
МАЈКАТА НА ВАСО РАБОТЕЛА СО НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ! – Судијката требало да се изземе?
Останува да видиме кој ќе биде следниот чекор на ОЈО Скопје.