Најавите за бојкот на локалните избори внесоа раздор во редовите на ДУИ, а Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, очајно се обидува да ја смени реториката за да ја избегне штетата. Според коалицијата ВРЕДИ, токму тој е најзасегнат, бидејќи бојкотот му ги загрозува политичките и финансиските комбинации со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Најавите за бојкот на локалните избори и комбинациите на Беџети
Во официјалното соопштение, ВРЕДИ потсетува дека токму поранешниот заменик-градоначалник на Скопје јавно признал дека Арсовска управува со градот по моделот на Сарај, што според нив е јасен доказ за тесната соработка меѓу ДУИ и скопската градоначалничка.
„На шест месеци пред почетокот на кампањата, Беџети сфаќа дека најавите за бојкот на локалните избори ја влечат партијата во бездна. Без учество во изборите, нема да може целосно да ги реализира своите комбинации за профит“, се вели во соопштението.
Соочен со оваа реалност, Беџети брзо ја сменил тезата – од повик за бојкот, ДУИ сега поставува нов услов: ако се „чепне“ албанскиот јазик, изборите нема да се одржат.
ВРЕДИ: ДУИ шири лажна политичка криза за да избега од изборен пораз
Коалицијата ВРЕДИ јасно порачува дека овие обиди за манипулација нема да успеат:
- Не станува збор за албанскиот јазик, туку за санкционирање на криминалот на вашите поранешни функционери.
- Политичката криза што ја создавате е очаен обид да избегнете сигурен изборен пораз.
- Албанскиот народ не е наивен и нема да дозволи да биде манипулиран со лаги за „деалбанизација“.
„Следува жестока казна на изборите, која ДУИ ќе ја испрати на буништето на политичката историја“, завршуваат од ВРЕДИ.
Најавите за бојкот очигледно ја разнишале ДУИ, а Беџети во паника се обидува да ја задржи контролата. Но, политичките маневри нема да го спасат – изборниот пораз е неизбежен.