Претходно Вишото јавно обвинителство даде позитивна одлука на барањето на Рашковски да ја напушти Шутка.
Тој понудил половина милион евра гаранција. Рашковски зад решетки е од 21 – ви април.
Осомничен е за набавка на софтвери додека беше генерален секретар на владата, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набавки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра. Владата го раскина договорот на рашковски за набавка на софтвер за полагање на испити на државните институции.