Судските службеници велат дека на оваа листа се нашле само членови и вработени во Судскиот совет, претседатели на судови и судии, додавајќи дека тие се целосно изоставени.
– Според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, но нејасно е како тоа на листата за вакцинирање без исклучок постои само една категорија на вработени во судовите, се наведува во реакцијата на судската администрација до Судскиот совет.
Во неа се објаснува и дека судските службеници работат во писарниците и канцелариите со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат своето и здравјето на своите семејства.
– Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор“?, јавно прашуваат судските службеници.