Целта е здравствениот систем да биде оперативно подготвен, затоа што според експертите, земјата е веќе во четвртиот бран, а „првата половина од септември се смета за клучна за управувањето со пандемијата, со оглед на тоа дека граѓаните се враќаат одмор и се отвораат активности во општеството“.
Паралелно, од 1 септември стапува во сила и одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на здравствените работници, а во спротивно предвиден е принуден, неплатен одмор.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментирајќи ги анти-ковид мерките во земјата, изјави дека 90 отсто од луѓето на интензивна нега се невакцинирани.
–Експертите велат дека невакцинираниот има 13 пати поголема можност да се разболи и да биде приклучен на апарати. А ова станува 20 пати повеќе за оние што се над 60 години – истакна Иконому.
И во Албанија техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучи во земјата да продолжат анти-ковид мерките, меѓу кои и полицискиот час и упати апел до граѓаните на нивно почитување и што поитна имунизација.
Полицискиот час и понатаму ќе трае од полноќ до 6 часот, музика во угостителските објекти ќе може да има до 23:00 часот, останува обврска за носење маската во затворени простории и каде има групирања, особено на аеродроми, ќе продолжат да се дозволуваат собири на отворено до 50 луѓе, спортски активности, театарски претстави и културни настани, со пополнетост на капацитетите до 30 отсто.