-Сигурно свадбените ресторани или ресторани кои организираат разни забави, некаде кон крајот на овој месец или почетокот на следниот месец можат да започнат со работа. Секако, врз основа на протоколи што ќе бидат подготвени од експерти од оваа област , рече Бектеши.
Вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека епидемиолошката слика дава можности за дополнително олеснување на рестрикциите, дека ќе може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари, но засега не и свадби.
Не денешната владина седница, се очекува да се донесат нови олеснувања на рестриктивните мерки – полициски час од 24.00 часот – кои би стапиле на сила од утре.