Тој додава дека не може да се направи отстапка за да им се дозволи да работата додека е здравената криза во тек.

– Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Тие се една од категориите, заедно со уште неколку, кои се најпогодени на светско ниво, за кои размислуваме како да ги третираме на соодветен начин, додава Битиќи.

Вицепремиерот истакнува дека сега фокусот е на тие кои со одлука на Влада им е забрането да работат во овие две недели.

– Бескаматниот кредит КОВИД 1 беше наменет само за угостителскиот сектор. КОВИД 4 што го најавивме во петтиот пакет на мерки е исто така за угостителскиот сектор каде може да аплицираат и рестораните за свадби и каде наведовме дека освен кредит со 0 проценти камата ќе има дел неповратни средства ако работат позитивно до крај на годината. Дополнително минатата година со субвенционирањето на патите, како и оваа година, тие затоа што имаат најголем пад на приходи се најмногу поддржани, по принципот на скалеста поддршка за минималната плата. Но, сепак сфаќаме, најтешко ќе се вратат во стопанството и размислуваме како за нив, така и за другите што се погодени да ги поддржиме со развојни програми и тоа ќе го направиме, прецизира Битиќи.