Филипче вели дека здравствените експерти се внимателни и сметаат дека ова лето нема простор за толкаво опуштање. Состојбата со вирусот се следи, а Комисијата за заразни болести ќе го има последниот збор.
– Последната комуникација што ја имавме со членовите на Комисијата за заразни болести, тие велат дека тие се за тоа летово настани во затворени простории или масовни собири да не се одржуваат. Еве, ќе имаме состанок во понеделник па ќе дискутираме“, изјави Филипче.
Во последните 24 часа направени се 3 239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 13 оздравени пациенти и тројца починати лица.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 663, бројката на оздравени пациенти е 149 946, на починати е 5 484, а бројот на активни случаи изнесува 233.