Како што и се навестуваше за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија е назначен 72-годишниот тренер Светислав Пешиќ.
Искусниот тренер, чие назначување попладнево официјално го потврди Кошаркарската федерација на Србија, доаѓа на местото на Игор Кокошков, кој и донесе европско злато на Словенија во 2017 година, но летово не успеа да избори настап на Олимписките игри.
Пешиќ ќе дебитира на селекторката клупа веќе идниот месец кога на распоредот се мундијалските квалификациски натпревари против Летонија и Белгија.