Тие го обвинија Филипче дека не обезбедил вакцини за масовна вакцинација на населението.
– Денес си објаснува новата мутација на корона можело да биде позаразна од постоечката, ама вакцините вели штителе. Да, вакцините штитат, ама Филипче се однесува како да не знае дека во Македонија нема вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во Македонија се ревакцинирани помалку од 10 посто од населението во споредба со други држави каде мнозинството граѓани се ревакцинирале.
– Додека светот стекнува имунитет, во Македонија нема вакцини. Прашањето е кога ќе си поднесе оставка Филипче, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.