Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а постои можност овој турнир да биде поместен надвор од првично планираната временска рамка.
Нешто што никој не можеше да го предвиди беше можноста Светското првенство да биде одложено. Станува збор за мундијалот планиран за осум години, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Тоа не би бил прв пат шампионатот да се игра надвор од стандардниот термин, но ФИФА подготвува сосема поинакво сценарио за овој турнир. Претходно, Светското првенство во Катар во 2022 година се одржа во текот на зимата, поточно во ноември и декември, што не им одговараше на навивачите ширум светот, а воедно беше и прв пат турнирот да не се игра во летниот период.
Турнирот во Саудиска Арабија повторно ќе се организира во текот на зимата, но постои сериозна можност сè да се случи една година подоцна, поточно во јануари 2035 година, што би претставувало преседан во светскиот фудбал. Клучниот проблем е муслиманскиот месец на постот Рамазан, кој ќе трае од 12 ноември до 12 декември, што значи дека Светското првенство не може да се одржи во тој интервал. ФИФА сè уште ги нема прецизирано точните датуми, но не е исклучена можноста првенството да се одржи на почетокот на 2034 година или дури во јануари 2035 година.
