Портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб, на прес-конференција во Женева изјави дека околу 600 пациенти, вклучувајќи и некои со хронични болести, треба да бидат упатени надвор од палестинската енклава откако почнаа непријателствата на почетокот на овој месец, но дека тоа не беше можно поради затворање на премините, пренесуваат британските медиуми.
-Многу е важно да им помогнеме на Палестинците да добијат потребна грижа, посебно помагајќи им да се лекуваат надвор од појасот Газа, рече Чаиб.
Други хуманитарни агенции се жалеа на ограничена хуманитарна помош и испораката на лекови. Во израелските воздушни напади на почетокот на овој месец беа оштетени десетици здравствени центри, поради што СЗО предупреди на ризик од можно преоптоварување во овие установи.
-Капацитетот на здравствениот систем да одговори е целосно уништен, претходно неделава изјави Хелен Отенс-Патерсон, шеф на мисијата на Лекари без граници во Газа.