Вкупниот број на потврдени Ковид-19 случаи во светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати е поголем од 5,6 милиони, соопшти Светската здравствена организација.
Според овој извештај, досега во светот е потврдени 352.796.704 случаи на коронавирус и 5.600.434 починати лица како последица од вирусот.
Најголем број новозаболени во светот во еден ден од почеток на пандемијата, е пријавен на 20 јануари кога се регистрирани 4.041.420 случаи, а границата од 300 милиони заболени е надмината на 8 јануари.
Најголем број случаи на коронавирус се пријавени во САД, следуваат Индија, Бразил, Франција и Велика Британија.
САД повторно се први и на листата земји во најголем број смртни случаи, следуваат Бразил, Индија, Русија и Мексико.