Шокантна нерамнотежа е присутна во дистрибуцијата на вакцини против коронавирус ширум светот и повеќето земји немаат доволно дози за да ги вакцинираат здравствените работници и ризичните групи, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.

– Повеќе од 700 милиони дози вакцини се искористени ширум светот, сепак, 87 проценти од нив се во земји со висок и среден приход, додека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти, рече тој.

Во просек, додаде Гебрејезус, во земјите со високи примања, вакцинирано е скоро едно од четири лица. Во земјите со ниски примања, пак, од над 500 луѓе, вакцинирано е едно лице.