Според прелиминарниот извештај за анализата на руската вакцина, СЗО е загрижен за „интегритетот на податоците и резултатите од тестовите неопходни за контрола на квалитетот“, пренесува Ројтерс.

Документот, исто така, изразува загриженост за некои други прашања, како што се потенцијална вкрстена контаминација и нивото на стерилитет на шишињата.