Откажано е емитувањето на сите телевизиски програми. Само еден од каналите продолжува да прикажува историски документарни филмови. Претходно, разни забавни програми беа емитувани на авганистанската телевизија во овој период од денот.
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе одржат кризен состанок на кој ќе се разговара за падот на Авганистан во рацете на Талибанците, додека земјите се тркаат за евакуација на граѓаните и локалниот персонал од хаотичниот аеродром во Кабул. Неколку лица беа убиени на аеродромот, изјавија сведоци, додека луѓето се обидуваа да побегнат еден ден откако талибанските бунтовници ја зазедоа авганистанската престолнина и објавија крај на војната против странските и локалните сили.
Талибанците ги повикаа жените да влезат во новата авганистанска влада, сакајќи да му покажат на населението дека се промениле, откако илјадници жители на Кабул се обидоа да избегаат од земјата во страв од враќањето на нивното брутално и репресивно владеење. Откако ја освоија целата земја за десетина дена, талибанците се обидуваат да се претстават себеси како поумерени, наспроти сликата за нив од 1990-ите.