Ставањето на високата корупција под тепих или во случајов под заштита од високата политика не оди во прилог на никого, а најмалку на државата, затоа што треба да се развива и економски и политички, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл-Македонија а во врска со изјавата на премиерот Заев, дека нема политика кај министрите и директорите.

– Мислам дека оваа изјава е непримерна и дека премиерот не треба да се става во заштита однапред на она што се случува во високите ешалони на политиката и на власта. Такви примери има, такви случаи има и познати се во јавноста, но останува и понатаму проблемот на заробената држава, затоа што имаме судство за кое сме сведоци дека не функционира како и во Јавното обвинителство, каде не се избираат Обвинители со капацитет за вакви истраги, вели Тасева за ТВ 24.